Како да испечете зеленчук

Миксот од различен зеленчук ќе ви даде добар баланс на вкусови и текстури.

0
10179

Печениот зеленчук е едноставно и практично јадење. Миксот од различен зеленчук ќе ви даде добар баланс на вкусови и текстури.

Тиквата се приготвува така што се отстранува целата кора. Трупкастиот зеленчук, како пашканатот, компирите или целерот, се приготвуваат така што се струга или се лупи горниот дел.

На секој зеленчук му е потребно различно време на подготовка, па потребно е секој зеленчук да го исечкате на начин што ќе помогне мешавината да се испече еднакво.

Мекиот зеленчук како модриот патлиџан се пече побрзо, па исечете го на поголеми парчиња. На тврдиот зеленчук како пашканатот му треба повеќе време, па исечете го на поситни парченца.

Наредете ја мешавината во еден слој во тава за печење. Додајте зачини како мајчина душица или рузмарин, како и сол и црн пипер по желба.

Исто така можете да додадете и неколку цели, исечкани чешниња лук во тавата за да му дадат вкус на зеленчукот. Можете да го искористите лукот за да го додадете во дресинг или да направите паста од лук и да ја намачкате врз пaрчиња тост.

Сипете масло врз зеленукот и погрижете се целиот да биде убаво прекриен. При тоа можете да го промешате и со раце.

Тврдиот зеленчук ќе се готви околу 40-50 минути нa 180-200 степени. За тоа време пак мекиот зеленчук како и пиперките, модриот патлиџан, кромидот и доматот ќе добијат убави крцкави, потпечени крајчиња.