Како да испечете костени во рерна?

Мирисот на костените е мирис на есента. Нивниот мирис е неодолив, особено кога се печени. А можете да си ги испечете и сами.

0
841

Ништо не потсетува толку на есен како врелите, миризливи костени. Овие исклучително здрави плодови се неизбежен есенски деликатес
При купувањето треба да обрнете внимание плодовите да се поголеми, да светат, без дупчиња на лушпата, што е знак дека се здрави. Кога ќе ги земеме во рака, тежината мора да им биде соодветна на масата и не смеат да имаат шуплив звук кога ќе ги протресеме.
Можат да се чуваат на ладно до 2 недели.
Најдобро е кога се печат на скара, но поради забрзаниот начин на живот почесто се одлучуваме да ги печеме во рерна. Прво треба да ги засечете по малку со остар нож, па да ги ставите под ладна вода. Веднаш потоа распоредете ги во тепсијата и ставете ги да се печат на 200 степени околу 20 минути.