Како да ги зачувате тиквичките за зима?

Рокот на траење на тиквичките во масло и во оцет е околу три месеци. На ист начин се подготвуваат и модрите патлиџани.

0
785

Прво зеленчукот проварете го накратко во мешавина од оцет и вода, наредете го во стаклена тегла со зачини и покријте ги со масло.

Состојки:

1 кг тиквички
375 г вински оцет
3 чили пиперчиња
Пола китка свежа мајчина душица
500 мл маслиново масло
Црн пипер
2 лажици капари
Сол

Приготвување:

1. Подгответе ги теглите. Измијте ги тиквичките и исчистете ги и исечете ги на тркалца.
2. Загрејте ги оцетот, 750 мл вода и лажица сол. Додадете ги тиквичките и варете околу две минути.
3. Извадете ги тиквичките со помош на голема лажица-решетка и наредете ги на кујнска крпа. Оставете ги да се исцедат, а за тоа време измијте ги чили пиперчињата и извадете им ги семчињата.
4. Измијте ја мајчината душица и искинете ги ливчињата. Во тава загрејте две лаживи масло па препржете ги тиквичките, чилито и мајчината душица. Тиквичките поросете ги со црн пипер и со капари и наредете ги во тегла а потоа прелејте ги со маслиново масло и затворете.