Брз колач без печење

0
1066

Најчести состојки на овие брзи колачи се чоколадото, кексите и сувото овошје, но можете да додадете и нешто друго што ви се наоѓа во кујната. Чоколадни трошки, овесни снегулки, мед, цимет, рендана кора од лимон, јаткасто овошје…

За почеток, испробајте го овој рецепт со чоколадо, ореви и кекси, а потоа правете ги своите верзии.

Состојки:

250 г кекси со путер

250 г ореви (лешници или бадеми)

300 г црно чоколадо

100 г путер

3 лажици мед

Приготвување:

  1. Премачкајте го садот со путер и ставете хартија за печење.
  2. Помешајте ги елените кекси со исечканите ореви и распоредете ги во садот.
  3. Стопете го чоколадото на пареа заедно со путерот, додадете мед и прелијте врз оревите и кексите.
  4. Измазнете и ставете во фрижидер да се стегне најмалку два часа.