Кафе со кокосово масло – дава енергија и го поттикнува слабеењето

За супер моќите на кокосовото масло се зборува особено последниве години и заради тоа сѐ почесто се користи, во готвењето, за убавина, но и во кафе!

0
1787

Сто грама кокосово масло има дури од 820 до 900 калории, но без оглед на енергетската вредност, кокосовото масло има големо влијание на полесното симнување на килограмите затоа што го забрзува метаболизмот, а не забрзува и нас – затоа што ни ја дава потребната енергија.

Имено, кокосовото масло не содржи ниту јагленихидрати, ниту протеини, туку е со целосно липиден состав заради што побрзо и полесно метаболизира и станува извор на енергија. После подолготрајно консумирање на кокосово масло, доаѓа до забрзување на метаболзимот.

Освен тоа, заради основната состојка на кокосовото масло –лауринската киселина, ова масло го зајакнува нашиот имунитет. Заради истата состојка, маслото има и антибактериско, антивирусно и антигабично дејство.

Заради сите овие ефекти од консумирањето на кокосовото масло, почнува сѐ повеќе да се става и во најомилениот топол пијалок во дел од светот – кафето. Кокосовото масло ќе го збогати вкусот на кафето, но сепак, се советува да не се пие повеќе од два пати дневно затоа што би можеле да имате тегоби со варењето.

Постојат два начини на кој можете успешно да измешате кокосово масло во своето кафе.

Лажичка или две кокосово масло ставете во шолја и прелијте со врело кафе или пак подгответе кафе и додека е уште жешко помешајте во него лажичка кокосово масло.
Свареното кафе, лажичка или две кокосово масло и шеќер ставете во блендер и мешајте додека не добиете довоно пена.