Kако Јужна Кореја рециклира 95% од својот отпад од храна

Јужна Кореја рециклираше само 2% од својот отпад од храна, но оттогаш импресивно ја зголеми оваа бројка до 95%. Како? Земјата ги искористи иновативните технологии како што се паметни канти и зајакнување на локалното производство на храна преку формирање урбани фарми, како и воведување на задолжително рециклирање на отпадoт од храна во домаќинствата. Тоа претставува пример за нејзините соседи во Азија, регион кој заедно прави речиси половина од отпадот од храна во светот.

0
198

Со оглед на тоа што светот фрла огромни 1,3 милијарди тони храна секоја година, придвижувајќи 10% од глобалните емисии на стакленички гасови, додека повеќе од 1 милијарда луѓе продолжуваат да се соочуваат со глад, отпадот од храна е проблем за кој има очајна потреба од заедничка акција.

Јужна Кореја сега води во справувањето со отпадот од храна, откако успеа да ги зголеми стапките на рециклирање на отпадот од храна од само 2% во 1995 година на 95% во 2019 година, се вели во извештајот на Светскиот економски форум (СЕФ). Иако рециклирањето е само еден дел од решението, а загубата на храна во целиот синџир на снабдување од производство до малопродажба е исто така, клучна за борбата, напорот на државата да се рециклира отпадот од храна претставува пример за другите земји кои се борат да се справат со количината на храна што ја фрлаат.
Како целина, Азија е одговорна за генерирање на над 50% од светскиот отпад од храна – и оваа бројка се очекува да се зголеми како што континентот станува побогат, поурбанизиран и понаселен. Ако можат да се намалат 20 милиони од 1,3 милијарди тони фрлена храна во светот, би можеле да бидат остварени „значајни влијанија“ за глобалниот систем на храна до крајот на оваа деценија, се вели во извештајот на СЕФ.

Друг извештај, објавен од заедничка истражувачка група со седиште во САД и Европа, вели дека огромни количини јаглерод диоксид може да се заштедат ако само едно од пет лица во побогатите земји направи две големи промени во потрошувачката на храна: намалување на отпадот од храна и усвојување на исхрана на растителна база.

Па, како точно Јужна Кореја успеа да рециклира поголем дел од отпадот од храната? Во 2013 година, земјата започна со спроведување на задолжителна програма за рециклирање на отпад од храна, каде домаќинствата плаќаат 6 УСД месечно за секоја биоразградлива кеса со отпад од храна што ја исфрла – мал надоместок што имаше големо влијание врз количината на храна што се исфрлаше.

Иако собраната храна на крајот завршува како ѓубриво, задолжителното наплаќање во системот за фрлање на отпадот од храна на Јужна Кореја исто така ги охрабри семејствата да започнат домашно компостирање и да ги намалат нивоата на храна што всушност треба да одат на рециклирање.

Јужна Кореја исто така воведе  нови технологии како што се паметните канти, инсталирајќи повеќе од 6.000 автоматски корпи за отпадоци низ главниот град Сеул. Овие канти ја мерат тежината на отпадот од храна на жителите и им наплатуваат за инфраструктурата за рециклирање со која управува владата. Според официјалните лица, овој принцип на наплата помогнал да се намали количината на отпад од храна во Сеул за 47.000 тони во рок од само шест години.

Технологијата за мерење исто така доаѓа со уште еден поттик за жителите да помогнат во ублажување на товарот за рециклирање. За да платите помалку, вашата храна треба да тежи помалку – а 80% од тежината на отпадот од храна доаѓа од влагата. Жителите се охрабруваат да ја отстранат влагата пред да го донесат на рециклирање, заштедувајќи им на властите во Сеул дури 8,4 милиони УСД трошоци за наплата.

Што се случува кога отпадот од храна се претвора во ѓубриво? Јужна Кореја потоа го користи за поддршка на своите локални планови за производство на храна, испраќајќи ги во урбаните фарми и градини во заедницата. Откако шемата започна на почетокот од 2010, бројот на земјоделски иницијативи во Сеул се зголеми за шест пати, покривајќи површина еквивалентна на големината на 240 фудбалски игралишта.

Локално одгледуваната храна значи помалку транспорт помеѓу производителите и малопродажбата, минимизирајќи ги шансите за загуба на храна во средината на синџирот на снабдување како резултат на расипување, на патувањето и ладењето.

Текстот е од ТУКА.