Поздрави замени за бело брашно

Овие замени за бело брашно се одличен избор за лицата со нетолеранција на глутен (ова не важи за брашното од спелта), како и за луѓе кои сакаат малку да ја сменат исхраната.

0
431

Има многу замени за белото брашно, кои се разликуваат меѓу себе, па затоа и рецептите за нив може да бидат различни, но ќе завршат работата во подготовката на истите производи од тесто на кои сме навикнале.

Овие замени за бело брашно се одличен избор за лицата со нетолеранција на глутен (ова не важи за брашното од спелта), како и за луѓе кои сакаат малку да ја сменат исхраната.

Пченкарно брашно

Пченкарното брашно е веројатно најблиското брашно без глутен до пченичното брашно. Веќе е широко распространето во пекарството, а често се користи и за похување. Се подготвува од сушени зрна пченка и содржи голема количина на витамин А. Богат е со антиоксиданти кои се добри за здравјето на очите.

Брашно од наут

Ова брашно е можеби едно од најмалку познатите во популарната европска кујна. Од друга страна, тоа многу се употребува во еврејската кујна и е идеално за фалафели. Богато е со протеини, содржи малку јаглехидрати и е диетално.

Брашно од спелта

Ова брашно не е без глутен, бидејќи спелтата е вид на пченица, затоа не е погодно за луѓе со нетолеранција на глутен. Сепак, содржи повеќе влакна и протеини, што го прави покорисно од обичното пченично брашно. Поради тоа е полесно и за системот за варење. Неговиот вкус е посладок од пченицата, што го прави интересен за употреба во колачи.

Кокосово брашно

Слично на пченкарното брашно, кокосовото брашно се прави од исушен и мелен кокос. Како и сите други производи од кокос, брашното има многу корисен состав. Богато е со незаситени масни киселини и растителни влакна. Употребата на ова брашно при подготовката на слатки или други десерти би била многу успешна, вкусна и корисна.

Брашно од овесни снегулки

Овесните снегулки се една од најкорисните намирници за гастроинтестиналната флора. Истото важи и за брашното од овесни снегулки – тоа е едно од најкорисните брашна, содржи растворливи влакна и голема количина протеини. Друга предност на брашното од овесни снегулки е тоа што може да се направи дома, само ако ги смелеме овесните снегулки. Широко се користи и за слатки и за солени производи.

Бадемово брашно

Бадемовото брашно е исто така алтернатива на пченичното брашно. Веќе широко се користи во француската кујна и се користи за изработка на слатки тестенини. Тоа е прилично флексибилно брашно, исклучително погодно за подготовка на слатки и за правење леб.

Фото: Pixabay