Јунешки џигер со „гориво“

Јунешки џигер прелиен со оној познат спој од магдонос, лук и сол, убиствен за околината и фантастичен за конзументот, е нашиот избор за оние кои денеска не почнуваат со подготвителната недела за големите велигденски пости. Оние кои почнуваат, си го јадеа вчера :-)

0
1288

Состојки:

Јунешки џигер
Магдонос
Сол
Лук

Приготвување:

1. Исечете го џигерот на тенки парчиња и испржете ги во грил тава.
2. Исечкајте ги ситно магдоносот и лукот. Помешајте, додадете сол и прелијте ги џигерите.