Jarcuterie: нов тренд во послужувањето на храна

Станува збор за тоа што храната која до неодамна се сервираше на дрвени даски, сега се 'пакува' во стаклени тегли. Овие индивидуални порции со вкусна храна се соодветни за времето во кое живееме, пандемијата со ковид-19, поради која заедничката даска со храна повеќе не е најсоодветна варијанта

0
394

Вкусна храна наредена на дрвена даска за послужување или т.н. charcuteries се вистински хит уште од минатата година. Ова е всушност даска на која се ставаа неколку видови сирење, овошје и друга храна, а потоа блогерите за храна, инстаграмџиите и сите други љубители на храна почнаа да прават најраззновидни варијанти, чоколадни, солени, слатки, мешани… Меѓутоа, од неодамна, сето ова, наместо на даска, се сервира во тегли или во стаклени чаши со соодветен облик.

Станува збор за новиот тренд познат како jarcuteries.

Токму така, сега, вкусната храна, наместо на дрвена даска за послужување, е ‘спакувана’ во тегли.
Може да ставите што сакате во вашата тегла – од филети, сирење, маслинки, кисели краставички, парчиња овошје до јатки. Покрај солени верзии, можете да подготвите и слатки варијанти со коцки чоколадо, разни кекси, вафли, и сè што сакате по ваш избор.

Jarcuterie е нов гастро тренд кој, со оглед на тоа што станува збор за единечни порции на храна, е и ковид френдли.

Фото: Инстаграм