Јапонски изум: Путер од кафе

Пред извесно време Јапонците направија намаз од кафе, па оттаму, овој тренд се рашири и сега во дел од светот веќе наголемо на тост или леб се мачка путер од кафе

0
269

Генијалниот гастро изум, путерот од кафе е производ на јапонската компанија Snow Brand. Колку и да ви звучи бизарно, ние баш би сакале да го пробаме тој тост со намаз од кафе.
Нема потреба да ви објаснуваме зошто кафето одлично оди наутро со кришка леб и путер. Изгледа дека таа љубов и пријателство траат навистина долго, но бидејќи сите работи на овој свет се менуваат или се унапредуваат така и кафето со леб и путер станува путер од кафе. Наместо путер намачкајте го својот омилен вкус на леб…
Истата јапонска компанија пред 55 години измислила и крамаво (како јогурт) кафе кое и натаму постои на пазарот. Можеби и овој намаз ид кафе ќе се покаже како успешен. Ако сакате кафе, тогаш овој вкус на путер-кафе, ќе ве освои уште на првиот залак.