Јајца во облаци (ВИДЕО)

Ако сте активни на социјалните мрежи сигурно сте ги забележале фотографиите на печени јајца какви што досега не сте гледале толку често. Изгледаат баш како јајца во облаци, а и лесно се прават

0
351

На сите ни се познати најразлични начини на подготвување на јајца, јајце на око, кајгана, поширани јајца, … но дали сте пробале јајца во облаци?

Освен што се вкусни, изгледаат одлично, а не е воопшто тешко да се направат. Ако и вие сакате да уживате во вакви јајца, еве ви рецепт:

Потребно е да се одвојат белките од жолчките. Белките се матат додека не се добие густа смеса како шлаг, а потоа додадете внатре една лажица пармезан и зачини по вкус. Распоредете ги белките на хартија за печење и во средината направете вдлабнатини за во кои ќе ги ставите жолчките. Печете ги јајцата околу 5 до 7 минути.