Има и поинтересни варијанти за подготвување на пченка

Можете да ја послужите со ароматичен путер со рузмарин, власец и магдонос, со сирење и исечкани лути пиперчиња или со сос од домати и пармезан.

0
293

Најчесто пченката во овој период ја консумираме варена или печена, но таа се употребува и за подготвување на супи, на пици, како додаток во иомлет, во салати, рижото, тестенини, погачи, пити, во месни јадења, а е задолжителен дел од мексиканската кујна, често во комбинација со домати и грав. Наједноставно се приготвува со варење во солена вода.

Кога ја правите пченката на скара, пред да ја ставите на решетката, ставете ја неколку часа во вода за да ја зачуваат зрната влажноста и сочноста. Можете да ја печете и во рерна, зачинет со чили или риузмарин. Се уште топлите пченки можете да ги извалкате во здробено фета сирење и да го поросите со малку чили или со сечкана сланина.

Топлата пченка ќе биде повкусна ако ја премачкате со сос од домати и пармезан, поросен со сечкан босилек и оригано.
Пресечете ја пченката со нож на неколку парчиња и послужете ја со путер, сол и разни зачини: ароматични билки, мелени лути пиперчиња, сечкан магдонос, лук во прав, мешавина од медитерански зачини, а варената и печена пченка можете да ја поросите со сирење или да зачините со сок од лимета.