5 неочекувани видови храна што можат да заменат шолја кафе

Кафето ја забрзува работата на срцето, го крева крвниот притисок и разбудува. Ако чувствувате пад на енергијата, не мора да пиете кафе или да јадете слатки, наместо тоа посегнете по некоја од овие намирници

0
480

Еве ако почувствувате дека ви треба кафе, односно, енергија, дека сте поспани и слично, не трчајте веднаш да се напиете кафе. Еве и други алтернативи.

Горчлив лиснат зеленчук

Глукозинолатот е состојка во некој зелен зеленчук кој му дава горчлив вкус, силен мирис и мноштво корисни хранливи материи.

Одберете кељ, зелка, прокељ, репа, карфиол и ќе ги добиете нутриентите кои ви гарантираат повеќе енергија.

Храна богата со витамин B-12

B-12 се нарекува уште и витамин за енергија. Ако во вашето тело недостасува овој важен витамин или не го апсорбира добро, ќе се чувствувате уморно и раздразливо. B-12 има во јајцата, месото, рибата, млечните производи, печурките, ферментираните производи од соја и алги..

Храна богата со железо

Една од најважните улоги на железото е доведување на кислород до сите клетки на телото. Без соодветна количина кислород, клетките почнуваат да изумираат, а со нив паѓа и нивото на енергија во организмот.

Спречете ја таа појава и јадете намирници од животинско потекло, како месо и риба, или растителните извори како што се спанаќот и блитвата комбинирајте ги со витамин Ц и така подобрете ја нивната апсорпција во телото.

Цвекло

Цвеклото содржи највисоко ниво на азотен оксид од целиот зеленчук и овошје. Станува збор за соединение кое го унапредува здравјето на крвните жили, ја подобрува циркулацијата и состојбата на целиот организам. Како резултат, после оброкот составен од цвекло, се забележува подобрување  на севкупната ефикасност на организмот.

H20

Заморот и безволноста можат да бидат сипмтом на дехидрација на телото, но и причина зошто постојано ве боли главата. Започнете го денот со чаша обична вода. Пијте пола или цела чаша вода на секои неколку часа (и повеќе ако засилено се потите или ако вежбате).