Идеи за јагнешко печење со артичоки, грашок…

0
1492

Печен јагнешки бут

120 г панцета, исечена на коцки
чешниња лук на пареа
30 г ситно рендан пармезан
1/2 чаша трошки од свеж леб
1/4 чаша свежо нане, ситно сечкано
3 лажици свеж сок од лимон
крупна сол и мелен црн пипер
8 срца од артичоки, приготвени на пареа со лимон и лук
1 јагнешки бут со отстранета коска (околу 2.400 г)
екстра-девствено маслиново масло за премачкување на месото
2 чаши вода
свеж сос од нане, за прелив

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната на 220 степени. Блендирајте ги со пулсирање панцетата, лукот, сирењето, лебните трошки, нането, сокот од лимон, 1 лажичка сол, малку пипер во процесор додека се спојат. Додадете ги артичоките. Уште малку блендирајте, но да останат мали парченца.

2. Положете го јагнешкото на работна површина со кожата надолу. Посолете и распоредете ја мешавината од артичоки до 2 см од работ. Цврсто замотајте го месото, врзете го со кујнски конец на растојание од 5 см.

3. Втријте маслиново масло на ролатот и посипете со сол и бибер. Префрлете го во тавата за печење, и додадете вода. Печете околу 30 минути. Намалете ја температура на 175 степени. Продолжете да печете додека термометарот забоден во месото постигне 55 до 60 степени (за средно печено), или 1 час до 1 час 15 минути. Оставете да се постои 20 до 30 минути пред да го сечете.

4. Наредете ги исечените парчиња месо врз парен спанаќ и грашок. Послужете сос од нане за прелив.

Парен лосос и грашок

Состојки:
(за 4 оброка)

листови зелена салата
четири стека лосос со 2,5 см дебелина
сол и свежо мелен црн пипер
1/2 чаша магдонос
1/4 чаша, плус 1 1/2 лажици сечкан копар
2 лажици листови мајчина душица
4 мали листови зелка
2  чаши грашок
2 лажици путер, сечен на 4 парчиња
гранчиња кервел
3/4 чаша немасен јогурт
1 лажица свежо исцеден сок од лимон, во зависност од сласта на лубеница (не е задолжително)

Приготвување:
1. Зовријте 5 см вода во голем лонец. Ставете одозгора сад за варење на пареа или сад од кинески бамбус и обложете го со листови зелена салата.

2. Врз рибата ставете сол и пипер. Со страната на кожата ставете ја врз салатата. Посипете врз неа магдонос, копар и мајчина душица. Наместете го вториот сад врз првиот. Наредете листови зелка во него и ставете една четвртина од грашок во секој лист формиран во облик на чашка. Ставете парче путер врз грашокот и посипете со кервел. Покријте со капак. Ставете ги во ланецот со водата што врие, и оставете ги на пареа додека рибата  омекне, од 6 до 10 минути.

3. Додека рибата се готви, направете го сосот. Во мал сад комбинирајте ги јогуртот, сечканиот копар и сокот од лимон. Посолете.

4. Кога рибата и грашокот се готови, ставете по една чашка од зелка со грашок и едно парче риба во секоја чинија. Сосот послужете го посебно.

Салата од моркови со ким

Рендан морков оди обично со магдонос, сок од лимон и ким. Оваа салата добро оди со јагнешко месо. Можете да ја направите еден ден однапред и да ја чувате во фрижидер.

Состојки:
(за 4 порции)
6 моркови, грубо рендани
1/2 чаша сечкан свеж магдонос
1 лажица сок од лимон
1 лажица екстра девственото маслиново масло
1 чешне лук, ситно сечкано
1/2 лажичка мелен ким
сол и свежо мелен црн пипер, по вкус
Семе од синап за посипување

Приготвување:
1. Во длабок сад измешајте ги ренданите моркови, магдоносот, сокот од лимон, маслото, лукот и кимот. Зачинете по вкус со сол и свежо мелен црн пипер, промешајте и посипете со малку семе од синап.

Подготви: А.Ј.