Идеален летен оброк: Лесна салата од ананас и краставици

Ананасот кој го поттикнува варењето и краставицата која го хидратизира организмот се одлична комбинација за борба против летните горештини

0
246
Pineapple Cucumber salad with wild green rocket, lime and olive oil. Healthy juicy food.

Ананасот со причина се вбројува помеѓу супер намирниците – богат е со фитохемикалии, витамин Ц, фолна киселина и бета каротен, а посебно вредна состојка е бромелаинот, ензим кој помага кај процесите на варењето.

Со процент на вода од 96 отсто, краставицата е идеален летен зеленчук кој уверливо содржи најголема количина вода од било која друга цврста храна.

Одличен е во освежителните  салати, како посебна салата или едноставно уфрлен во бокал со вода за освежување.

Состојки:

1 свеж ананас исечен на коцки

1 краставица исечена на коцки

1 рака рукола

Сок од 2 лимети

1/3 шолјичка коријандер, грубо исечкан

Сол и црн пипер

Приготвување:

Исчистете ги ананасот и краставицата и исечете ги на коцки.

Ставете ги во сад, а потоа додадете рукола, сок од лимета, коријандер и сол и црн пипер по вкус.

Добро измешајте ги сите состојки за да се распореди рамномеро сокот од лимета и послужете веднаш или оставете ја во фрижидер да се излади.

Фотографијата е преземена од ТУКА.