Ананасот со причина се вбројува помеѓу супер намирниците – богат е со фитохемикалии, витамин Ц, фолна киселина и бета каротен, а посебно вредна состојка е бромелаинот, ензим кој помага кај процесите на варењето.
Со процент на вода од 96 отсто, краставицата е идеален летен зеленчук кој уверливо содржи најголема количина вода од било која друга цврста храна.
Одличен е во освежителните салати, како посебна салата или едноставно уфрлен во бокал со вода за освежување.
Состојки:
1 свеж ананас исечен на коцки
1 краставица исечена на коцки
1 рака рукола
Сок од 2 лимети
1/3 шолјичка коријандер, грубо исечкан
Сол и црн пипер
Приготвување:
Исчистете ги ананасот и краставицата и исечете ги на коцки.
Ставете ги во сад, а потоа додадете рукола, сок од лимета, коријандер и сол и црн пипер по вкус.
Добро измешајте ги сите состојки за да се распореди рамномеро сокот од лимета и послужете веднаш или оставете ја во фрижидер да се излади.
Фотографијата е преземена од ТУКА.