Хумус од темно чоколадо

Сите љубители на класичниот хумус ќе ја засакаат и оваа слатка верзијасо темно чоколадо, а одлична вест е тоа што овој протеински оброк можете да го користите на разни начини

0
249

Состојки:

100 г црно чоколадо (без шеќер, со поголем процент на какао)

400 г наут, несолен

150 г сусам

2 дцл масло од сусам

3 дцл маслиново масло

2 дцл вода

2 лажици шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

Прстофат сол

Приготвување:

Направете намаз од сусам. На врела тава пропржете го сусамот без масло, но постојано мешајте да не ви загори.

Кога сусамот ќе добие златко-кафена боја, ставете го во блендер и додадете масло од сусам и сол. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Ако немате масло од сусам, можете да користите маслиново масло.

Оставете го намазот да се лади, а за тоа време растопете чоколадо на оган, без додавање шеќер или други состојки.

Извадете го наутот од конзерва и измијте го. Ставете го во блендер наутот, намазот од сусам, маслиново масло, сол, вода, екстракт од ванила и шеќер во прав, па сѐ добро измешајте.

На крајот додадете го растопеното чоколадо и мешајте уште кратко и не се грижете ако ви останат мали парченца. Хумусот можете да го послужите со свежо овошје, како банани, јаболка или јагоди, со солени крекери и переци или користете го како крем за десерт по желба.