Храна која никогаш не смеете да ја подгревате

Компирот не смее да се подгрева но може да се јаде ладен и следниот ден, а неправилното чување и загревање на оризот може да предизвика пречки во варењето и повраќање.

0
1569

Ако често се наоѓате во ситуација да ги подгревате остатоците од ручек или вечера или пак често готвите поголема количина храна за да заштедите на време, добро проучете кои намирници никогаш не смеете да ги подгревате.

Ориз

Мора да бидете особено внимателни со оризот. Неправилното чување и загревање на оризот може да предизвика пречки во варењето и повраќање. Содржи бактерии кои иако се варени, можат да преживеат, а на собна температура се размножуваат, особено при загревање. Ви советуваме зготвениот ориз да го ставите во фрижидер во период до еден час од приготвувањето за да го спречите размножувањето на бактериите.

Спанаќ, цвекло, целер

Оваа група зеленчуци е многу опасна и затоа не би требало никогаш да ги загревате. Ако ги загревате и прегревате, нитратот кој овој зеленчук го содржи, се претвара во нитрат кој е многу токсичен и канцероген. Од таа причина, овој зеенчук јадете го сиров или свежо подоготвен.

Компир

Оваа хранлива намирница може да се чува во фрижидер неколку дена, но откако е зготвен подобро е да го изедете во ладна салата отколку повторно да го загревате. Покрај губиток на вкусот, ако повторно го загреете неговите својства ќе исчезнат и тој е стане токсичен за вашето тело.

Јајца

Јајцата се храна богата со белковини па ако не сакате да имате сериозни проблеми со варењето, никогаш не ги подгревајте.

Пилешко

Прегреваното пилешко може да предизвика пречки во варењето или уште полошо, гастроентеритис, идејќи неговите протеини се менуваат кога одново се загрева.

Печурки

Најдобро е да се консумираат свежо подготвени ии во адна варијанта истиот ден. Никогаш не ги подгревајте заради протеините кои можат да ви наштетат.

Риба

Мора да бидете особено внимателни со морските плодови и со рибата. Подгревањето може да доведе до труење со храна, а секако, ги губи и здравите својства.