Холандски рецепти ала Марк де Јонг

0
645

Пред пет години Марк Де Јонг дојде во Македонија за да го исполни аманетот од баба му – да дојде барем еднаш и да ја види земјата од која потекнува неговата мајка. Така, дојде во Македонија и остана да живее во Скопје. Ги освои симпатиите на јавноста и стана препознатливо лице од ТВ екраните, како еден од двајцата шефови во телевизиското шоу „Брза кујна“, но и како дел од многу настани и учества на македонските готвачи на светски кулинарски натпревари.

Денеска, во текот на целиот ден, Марк е во „Јавна соба“, кадешто под априлското жешко сонце ги подготвува празот, компирите, јаболките и останатите состојки потребни за да се направат холандските рецепти кои тој ќе ги подготви во чест на националниот ден на Холандија, роденденот на кралот Вилем – Александар.

Марк ќе подготви варијации на холандски „stamppot“ и компот од јаболка, а сите кои ќе дојдат на овој настан во организација на Јавна Соба и Амбасадата на Холандија во Скопје, ќе можат да дегустираат, но и да помогнат во готвењето на овие холандски рецепти.

Stamppot е традиционално холандско јадење кое Холанѓаните често го готват во своите домови и ден-денес, а оригиналниот рецепт е стар повеќе од 500 години. Негова основа е компирот, а денеска ќе можеме да ги пробаме неговите варијации ала Марк де Јонг.

Дегустацијата е бесплатна.