Подебели, потенки, мали или големи, палачинките се омилени во целиот свет, а секоја земја има свои традиционални состојки од кои ги прават. Едно од најпознатите јадења на француската кујна се палачинките од хељдино брашно познати како галети бретон. Можат да се јадат празни или да се полнат со солени и благи полнења.
Во смесата за американските палачинки, освен брашно, млеко и јајца се додаваат и прашок за пециво и сода бикарбона, заради што е тестото погусто, а палачинките се подебели. Во смесата се додаваат и шеќер и путер, а се прелеваат со јаворов сируп.
Омилена улична храна во Тајланд се палачинките со банани. Крцкави се и сочни, а тајната на нивниот вкус е во кондензираното млеко кои се додава во смесата заедно со шеќерот, брашното, јајцата и водата. Смесата се обликува во топчиња, а за тоа време парчињата банана се мешаат со жшлчки. Откако ќе го истенчат тестото, Тајланѓаните со голема вештина го префрлаат во рацете удирајќи го од подлогата додека не се истенчи добро. Тенко како хартија, тестото се става во тепсија, се полни со фил и се витка како писмо. За крај, се прелива со кондензирано млеко и се поросува со шеќер.
Во Австралија се печат пикелетс, послабите роднини на дебелите американски палачинки. Малите и тенки палачинки се замена за кекси со попладневниот чај, а родителите често им ги подготвуваат на децата како училишна ужина.
Кинезите обожуваат cong you bing, односно, палачинки од млад кромид.
Комбинацијата на состојките за смесата се послични на оние за тестото за пити какви што се прават кај нас.
Потребно е да се помешаат брашно, топла вода и сол и да се остави околу пола члас. Потоа тестото се расукува колкуи е можнпо потенко, се намрсува и се поросува со млад кромид. Потоа се вотка, се сече на парчиња па се обликува во палачинка.
Се служат со слатко-кисел сос од ѓумбир, млад кромид, кафеав шеќер, соја-сос и оризов оцет.
Буквално преведено името за јапонските палачинки okonomiyaki би било „печи како сакаш“. И навистина Јапонците ги полнат со се што ќе посакаат. Се приготвуваат од брашно, пилешка супа, јајца, исечкана зелка, млад кромид, а може да се додаде иу кашкавал, најразличен зеленчук, ракчиња, лигњи или царско месо.
Една од состојките на кои палачинките му го должат својот специфичен вкус е рендан нагиамо корен кој ѝ дава лепливост на смесата. Може да се замени со рендани компири или со тофу. Во оригиналниот рецепт се додава и тенкасу, крцкави парченца кои се добиваат со пржење на тесто за темпура. Често се додаваат и бонито снегулки, односно, katsuobushi кои се добиваат од ферментирана туна како и зелена алга aonori.