Брз колач со јогурт и капини

0
1705

Во колачи како овој течните состојки додадете ги пред да го ставите снегот од белки. Не го полнете калапот за печење до врвот затоа што во текот на печењето ќе порасне.

Состојки:

250 г брашно

3 јајца

120 г путер

180 г шеќер

1/2 кесичка прашок за пециво

3 лажици јогурт

Кора од лимон

100 г бадеми

400 г капини

По желба, шеќер во прав за поросување

Приготвување:

  1. Обложете го калапот за печење со хартија за печење
  2. Изматете ги жолчките, шеќерот и путерот. Додадете го брашното помешаноп со прашок за пециво, јогурт и рендана кора од лимон и се измешајте.
  3. На крајот изматете снег од белки и со лажица полека и наизменично со мелените бадеми помешајте го во смесата.
  4. Ставете ја смесата во калапот за печење и распоредете ги по површината капините. Печете околу 30 минути на 200 степени. Кога ќе се олади поросете го со шеќер во прав.