Готвењето „смрдлива“ храна во Италија сега е незаконско!

0
346

Италија е позната по својата неверојатна кујна и како земја со кулинарска традиција, па е уште поневеројатно тоа што неодамна италијанските судови донесоа смешен нов закон со кој готвењето на „миризлива“, односно, на „смрдлива“ храна станува незаконско.

Италијанците, кои готват храна која може да им донесе непријатна миризба во домот на соседите сега можат да бидат прогласени за вбиновни за кривично дело.

Врховниот суд во Рим има дури излегол и достоен термин за ова „криминално дело“ и го нарекол „миризливо“ малтретирање.

До носењето на овој закон дошло откако жителите на градот Монфалконе се пожалиле дека една брачна двојка во својот стан во станбениот блок готви смрдливи специјалитети од риба. Во судските расправии во локалните судови оваа двојка била прогласена за виновна за анти-социјално однесување.

Очигледно, двојката се жалела на одлуката па целиот процес завршил пред највисокиот суд во земјата.
Судиите одлучиле дека готвењето на оваа двојка резултира со емисија на непријатни мириси и бучава во становите над нивниот, а овие мириси буиле сиулни и ја надминувале границата за толерантност.