Готвачот од ресторанот во „Филип Втори“ се закити со бронзен медал

0
882

На 15-от Интернационален Гастрономски фестивал што се одржа од 02-05 февруари, 2017 година, во Истанбул, Игор Атанасов-Каспер, готвач од тимот на ресторанската кујна во болницата „Филип Втори“ се врати со освоен медал. Во конкуренција од 700 натпреварувачи од над 75 држави, тој освоил бронзен медал во поединечна конкуренција за модерна кујна.
Специјалитетот со кој ги „освоил“ бодовите на 50-тина судии, кои суделе по претходно поставените критериуми е пилешко со палента, мафин со пилешко и пилешко стапче роловано во афион и чија, на подлога од ориз. Покрај оваа награда, Игор како член на тимот од Македонија придонел за освојување на трето место во тимско натпреварување во конкуренција од 15 држави.