Состојки:
1/2 чаша кисела павлака или обичен јогурт
1 краставица
1 домат
2 парчиња кромид (парчиња како за прстени од кромид)
2-4 лажички сок од лимон
1/2 – 3/4 лажиче копар
Прстофат сол
Приготвување:
- Излупете ја и исечете ја краставицата, исечете го доматот и кромидот.
- Во еден сад измешајте ги копарот и солта и додадете ја павлаката или јогуртот и сок од лимон по вкус. Добро измешајте.
- Додадете ги сечканиот кромид, краставицата и доматот во смесата и мешајте се додека зеленчукот не биде сосема натопен со сосот.