Генијален начин да испржите сланина

Кога ќе замириса пржената сланина нема кој може да ѝ одолее, но проблем е што додека ја испржиме маслото задолжително прска се наоколу. Еве решение и за тоа.

0
938

Крцкавата и пржена сланина со јајца е одличен избор за појадок, а кога ќе почне да шири опојни мириси низ кујната и ако не ви се јаде, ќе ви се пријаде. Она што не спречува да ја правиме почесто е тоа што прска на сите страни, а на облеката остава дамки кои баш и не е лесно да се отстранат.

Затоа, откако ќе ја ставите сланината во загреано тавче со многу малку зејтин затоа што и таа ќе пушти маснотија, веднаш ставете и вода, колку да го прекрие дното. Ставете го тавчето на средна температура се додека не испари водата, а потоа продолжете со пржење на сланината се додека не стане крцкава. И сето тоа без прскање.