Француски десерт со вишни

0
832

Состојки:

1 лажица путер
350 г вишни
1 шолја млеко
½ шолја шеќер
3 јајца
1 лажичка екстракт од ванила
½ шолја брашно
1 лажичка рендана кора од лимон
Малку сол
Шеќер во прав за поросување

Приготвување:
1. Загрејте ја рерната и премачкајте ја тркалезната тава за печење со путер.
2. Помешајте ги мокрите состојки, изматете со микдер, а потоа додадете ги и сувите и повторно се измешајте (смесата ќе биде течна).
3. Ставете ја смесата во садот за печење а одозгора ставете ги вишните и печете околу 50 минути, додека не се надуе, а рабовите не добијат убава боја.
4. Извадете од рерна, оставете кратко да се олади па поросете со шеќер во прав.