Food Ink – футуристички ресторан кој принта храна

0
352

Замислете да дојдете во ресторан, а тие да ви испринтаат храна.

Токму ова е идејата која стои зад проектот Food Ink – принтање на храна која изгледа неверојатно добро, со помош на 3Д принтер и остава без здив – со вкусот и со изгледот. Проектот обединува на едно место архитекти,  уметници, готвачи, дизајнери, инженери, иноватори, вљубеници во технологијата и футуризмот кои со заеднички сили, со знаење и креативност создале нешто навистина неверојатно – прв ресторан во светот кој принта храна.

Тридневното премиерно орварање на првиот во низата такви ресторани е закажано за 25., 26. и 27. Јули, а прв град на листата е Лондон. Планот е оваа идеја да се прошири на големите светски градови како Њујорк, Париз, Амнстердам, Дубаи, Сиднеј, Рејкјавик, Сингапур, Лас Вегас и многу други.

При подготвувањето на храната ќе се користат само најдобрите намирници, а потоа со нивна помош ќе се создаваат мали, но прилично неверојатни ремек-дела.