Финска карелијанска пита со боровинки

Ова се традиционални фински пити кои доаѓаат од финскиот регион Јужна Карелија. Се состојат од тенко тесто направено од ржано брашно и фил од ориз. Печените пити се премачкуваат со стопен путер, а уште подобро е да се натопат со мешавина од млеко и стопен путер затоа што така убаво омекнуваат.

0
333

Состојки:

За тестото:

1 шолја ржано брашно

½ шолја пченично брашно

1 лажичка сол

½  шолја вода

За филот:

½ шолја ориз

½ литар млеко

Малку сол

1/3 лажичка цимет

1/3 лажичка мелен кардамом

1/3 лажичка екстракт од ванила

2 лажици мед

1 шолја боровинки

За премачкување:

80 г путер

1 дл млеко

Приготвување:

  1. Наjпрвин подгответе го филот – пудинг од ориз. Сите сиостојки освен медот ставете ги да се варат. Кога ќе зовријат, намалете го огнот. Варете 20-тина минути повремено мешајќи. Би требало да добиете густ пудинг. Додадете го медот и оставете го филот сосема да се олади.
  2. Двата вида на брашно помешајте ги со сол, додадете вода и замесете меко тесто. Поделете го тестото на 12 еднакви делови, набрашнете ја работната маса па секое парче расукајте го во круг, а потоа развлечете ги горниот и долниот дел од тестото за да добиете форма на јајце. На средината од секое тесто ставајте по малку од пудингот од ориз и неколку боровинки.

Десната и левата страна преклопете ги кон средината, а потоа со прсти згужвајте го тестото, како да затварате хартиена кеса. На овој начин ќе добиете форма на чамец. Наредете ги питите во тепсија врз хартија за печење и печете околу 10 минути во претходно загреана рерна.

  1. Путерот и млекото загревајте ги во еден сад, додекапутерот да се стопи. Печените пити обично премачкајте ги со оваа смеса.