Фалафел салата со сос од лимон и таан

Пржениот фалафел може да биде вистинска мрсна бомба. Но овој фалафел е крцкав а се пржи во само неколку лажици масло и има подеднакво добри резултати. Не заборавајте да користите исушен, наместо конзервиран наут во овој здрав рецепт-конзервираниот наут дава премногу влага.

0
976

Состојки:

1 шолја сув наут

2 шолји ливчиња од магдонос

¼ шолја сечкан црвен кромид плус ¼ шолја тенки реѕанки од црвен кромид

2 чешниња лук

5 лажици маслиново масло

3 лажици сок од лимон

1 лажица мелен ким

1 лажичка сол

5 лажици таан

5 лажици топла вода

6 шолји сечкана марула

2 шолји сечкани краставици или ротквици

Неколку шери домати

Приготвување:

  1. Накиснете го наутот во ладна вода и оставете ги 12 до 24 часа.
  2. Исцедете го наутот и ставете го во блендер. Додадете 1 чаша магдонос, сечкан кромид, лук, 1 лажица масло, 1 лажица сок од лимон, ким и ½ лажичка сол. Вклучете го блендерот и мешајте додека не добиете компактна смеса. Обликувајте 12 ќофтиња.
  3.  Загрејте две лажици масло и испржете ги ќофтињата од двете страни на средна температура.
  4. Во меѓувреме, измешајте го таанот, водата и 2 лажици сок од лимон, 1 лажица маслиново масло и ½ лажичка сол. Во сад ставете ја исечканата марула и 1 шолја магдонос, краставички или ротквици, шери домати, парчиња кромид и фалафел. Прелијте со приготвениот сос.