Еве зошто можете да јадете јајца без гајле

Истражувањата покажале дека редовната консумација на жолчки го зголемува нивото на добар холестерол, додека висината на лошиот се сведува на дозволените граници.

0
1370

Се ближи Велигден и знаете дека ќе се јадат многу, многу јајца…Тие се ефтин извор на белковини кои обезбедуваат раст и развој на сите телесни ткива. Има и други причини зошто би требало да ги јадеме почесто, без оглед на количината на холестерол во овие протеински бомби.

Флексибилна намирница

Тешко е да се најде некоја друга намирница која има кулинарска флексибилност како јајцето. Тоа може да се подготвува на различни начини а е речиси незаменлив додаток во различни теста, тестенини, филови за колачи и за торти. Во стотина грама јајца се наоѓаат околу 150 калории, па зависно од подготовката, можеме да ги наречеме диетални намирница

Јајцето е единствена природна намирница која со варењето ја задржува во лушпата сета хранлива вредност.

Најмалку калории ќе внесеме во организмот ако јајцето го јадеме варено во лушпа или поширано во вода, а бројот на калории значително ќе се зголеми ако го пржиме во зејтин и ако ги мешаме со други калорични намирници, како што се сланината и сирењето. Две третини од јајцето зазема нискокалоричната белка (отприлика 50 калории на стотина грама), додека жолчката е примарен извор на масти (околу 350 калории на 100 грама).

Извонреден извор на белковини

Јајцето е одличен извор на белковини – во стотина грама се наоѓаат околу 13 отсто од оваа важна материја која го гради цело телесно ткиво и е неопходна за изградба на мускулите. Воедно, станува збор за единствена природна намирница која со варењето ја задржува во лушпата сета хранлива вредност.

Покрај тоа, одличен извор е на фосфор, селен, пантотенска киселина и на витамините A, B12 и D.

Содржи и железо и цинк, калиум и витамин Е. Не треба да се фрла дури ни лушпата – таа е извор на калциум и магнезиум и е особено корисна како ѓубре за земјата. Здробете ја лушпата од јајцето до ситни парченца и „нахранете“ ја својата градина.

Извор на добар или на лош холестерол?

Во едно големо јајце се наоѓаат повеќе од 200 мг холестерол што е многу голема количина. Иако овој податок е со децении користен за да се пропагира неговата штетност за човечкото здравје, многубројни студии покажале дека холестеролот од јајцето нема негативно влијание врз холестеролот во крвта на човекот.

Напротив, се покажало дека редовната консумација на жолчки го зголемува нивото на добар холестерол, додека висината на лошиот холестерол била сведена на дозволените граници.
Не треба да се заборави дека јајцата се и богати со антиоксиданс лутеин кој ја спречува макуларната дегенерација на окото, па го штитат овој орган од прерано губење на видот.