За да направите црн сладолед најпрвин треба да купите од ачптека активбен јаглен и истиот да го користите и за подготвување на пици, пецива, напитоци. Овој црн сладолед одлично изгледа, а позитивно ќе делува и на вашиот систем за варење.
Состојки:
400 мл павлака за шлаг
2 лажици јадлив активен јаглен
4 јајца
140 г шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
Приготвување:
- Измешајте ја павлаката за шлаг со јагленот.
- Во друг сад изматете ги јајцата со шеќер и ванила, а потоа постепено додадете ја смесата во шлагот.
- Ставете ја мешавината во пластичен сад, поклопете и ставете ја во замрзнувач на 7-8 часа.