Има многу варијанти на кои можат да се приготват нашите омилени тиквички, ама најмногу ни се допадна ролатот и токму него и го направивме. Навистина се прави лесно, а изгледа убаво, особено ако чекате гости.
Состојки:
2 тиквички
40 г пармезан
5 јајца
Зачини по желба
Крем сирење
Мартадела или шунка
Приготвување:
- Изматете ги јајцата и додадете им го пармезанот и зачини по желба. Изрендајте ги тиквичките па додадете ги кај јајцата и ставете ја смесата да се пече во тепсија врз хартија за печење и во загреана рерна околу 20-30 минути, во зависност од рерната.
- Кога ќе се испече, извадете ја тепсијата и извадете го тестото заедно со хартијата. Премачкајте го со крем сирење, наредете неколку тенко сечени парчиња мартадела или шунка и завиткајте го во ролат.
- Ставете го во фрижидер на неколку часа, а потоа исечете го на парчиња и сервирајте.