Ентони Бордеин: Денови и ноќи во кујните, зависност од дрога и алкохол, бестселери и дрзок став – овој готвач беше вистинска рок ѕвезда!

Целиот свет го потресе веста за самоубиството на 61-годишниот одметник од Њу Џерси кој е најден обесен во хотелската соба во Стразбург. Ова е неговата животна приказна

0
1607

Ако е вистинита изреката дека сме она што го јадеме, тогаш нема ништо на светов што Антони Бордеин не бил. Биков пенис и овчи јајца, пржен ориз со црви и сирово очно јаболко од фока, цела жива кобра и неизмиен ректум од брадавичеста свиња – во своите телевизиски патувања пробал се што домаќините изнеле пред него, со еден предуслов: да е автентично и да е локално.

И веројатно тоа е тајната на неговата омиленост во светот на уживателите во телевизиското кулинарство, автентичноста му била нешто како прва директива и никогаш не криел кој е тој навистина ниту пак се срамел од сето она што бил некогаш. Тоа се одразувало во неговите книги и подоцна на ТВ екраните. Не дозволувал во постпродукцијата да се бришат звуците на автомобилските труби и жагорот на минувачите, колкуи и да биле пречка. Не дозволувал сцените да се фабрикуваат, не ги правел оние вештачки сцени на поздравување со домаќинот ниту пак исфорсирани простувања.

Факт е дека последните години бевме сведоци за необично големиот број на смртни случаи на славни личности, но веројатно ниту една не го запрепасти целиот свет вака темелно како што беше тоа случај со самоубиството на 61-годишниот одметник од Њу Џерси кој е најден обесен во хотелската соба во Стразбург од страна на неговиот пријател Ерик Риперт.

Роден во Њујорк пред речиси 62 години, потпочно на 25 јуни 1956 година, Антони Бордеин растел веднаш од другата страна на мостот Џорџ Вашингтон, во предгардието на гратчето Леониа во соседниот Њу Џерси, впивајќи литература и музика. Од денешна перспектива изгледа малку неверојатно, но до неговата 44-та година тој не видел којзнае што од светот. Единствениот пат вреден за помнење бил патот за Франција, кај семејството на неговиот татко, кадешто „рибарот му дал свежи остриги, тукушто извадени од морето“. Оваа приказна со задоволство ја прераскажуваше.

Неговиот татко Пјер Борден бил менаџер во издавачката куќа Колумбија рекордс. Тој бил резервиран човек, поголемиот дел од времето го поминал молчејќи и читајќи на каучот. Но, тој имал авантуристички дух кога станувало збор за музика и храна, а Тони се сеќава на неговото одење со татко му во Њујорк во 70-тите, кога одењето на суши било врв на егзотиката. Мајка му Гледис, уредник на „Њујорк тајмс“, била цврста и ригорозна и често имала расправии со својот постар син (Тони имал брат, Крис).

Во средно училиште, Борден се впушта во врска со една постара девојка по име Ненси Путкоски, која се дружела со екипа на уѓиватели на хашиш. И го вовела Тони во светот на експериментаторите со дрога. Во 1973 година, Ентони завршил средно училиште една година порано за да може да оди со Ненси на факултетот Васар. Меѓутоа, се испишал после две години и отишол да се образува во институцијата која му била поблизу до срцето – ЦИА. Се разбира, тоа не била онаа ЦИА, туку Кулинарскиот институт на Америка во Њујорк, едно од најпочитуваните училишта од овој вид во Америка, можеби во светот, кадешто дипломирал 1978 година. Почна да се врти по кујните на њујоршките ресторани Supper Club, One Fifth Avenue, Sullivan’s – за да го достигне врвот на шефовската кариера во 1998., кога станува извршен шеф во Brasserie Les Halles.

Бордеин никогаш не тврдел дека е невиден талент; всушност, тој секогаш бил свесен за своите ограничувања во кујната.

„Никогаш не сум одработил приправништво во навистина добра ресторанска кујна. Како резултат на тоа, никогаш не сум станал навистина добар како готвач. Често се прашувам како би било да се работи како асистент со Мишел Брас или со Арзак. Но, и покрај тоа, не ми е жал. Сè излезе прилично проклето добро“, вели тој во едно интервју.

Anthony Bourdain, Image: 374218962, License: Rights-managed, Restrictions: UK USE ONLY. Reproduction fee payable on use. For queries contact Photoshot on + 44 (0)7421 6000, Model Release: no, Credit line: Profimedia, Uppa entertainment

Годините на формирање на Бордејн, а потоа и првите години на зрелоста, се случувале паралелно со многу специфични и, барем, интересни настани во Њујорк. Пропаѓањето на градот во комунална смисла беше проследен со културна експлозија, особено во музиката. Тони го следеше растот на панк-рокот од првите редови.

„За некое време, и само за оние неколку среќници, музиката повторно беше добра. Кога Њујорчаните, Ramones, се качија на сцената, веднаш ја отфрлија целата музика што беше пред нив, осудувајќи ја како неважна. Talking Heads, Television, Dead Boys, the Heartbreakers, Patti Smith – во тој краток миг се чинеше дека работите би можеле да се променат на подобро. Њујорк беше центар на светот“, напишал Бордејн за Спин во 2012 година.

Тој бил можеби најславниот супер фан Рамонес, па во 2010 година го поканил тапанарот Марки Рамоне да гостува во неговото специјално издание на No Reservations, а две години подоцна, кога беше објавен постхумниот албум на Џои Рамоне, Бордеин се појавил во спотот за песната „Њујорк Сити“ држејќи уличен знак за плоштадот на Џои Рамоне. Неговата книга од 2006 година „The Nasty Bits“ им ја посветил на Џои, Џони и Ди Ди Ди Рамон.

„Кога се сеќавам на тие години, се сеќавам, се разбира, на целата прекрасна музика, ние навистина беа разгалени со големо богатства. Но, исто така, се сеќавам на болката – во 1977 година мирисаше на изгорени свеќи во една напуштена зграда, ферментирано ѓубре кое лежи несобрано на улицата. Прекрасен, сладок вкус на хероин на дното на моето грло. Тоалетите во CBGB, расфрлан отпад, проѕирни кесички, кондоми и искористен прибор“, напиша Бордеин неодамна.

И тоа беше голем дел од неговиот шарм, не фактот дека тој земал дрога толку многу, туку тоа што никогаш не го криел ова. А имаше сè – кокаин, хероин, ЛСД, кодеин, марихуана, се разбира … За првпат се сретнал со дрога во средното училиште, со Ненси. Со оваа своја средноѓколска љубов подоцна и се оженил, во 1985 година, а бракот се распаднал во 2005 година. Се чини дека Ненси Паткоски била негов долгогодишен партнер во земање дрога.

Кога станува збор за приказните дека полицијата го запрела додека во автомобилот имал двесте дози на ЛСД или за тоа како агентите на ДЕА го следеле додека се обидувал да подигне “писмо од Панама” по пошта, тој секогаш е со „една друга личност“, но никогаш не го спомнува името на Ненси.

„Таквата љубов и меѓузависност и чувството за авантура – заедно бевме криминалци. Голем дел од нашите животи беше организиран околу тоа и бевме среќни за ова“, признал за Њујоркер. Освен дрогата, живееле релативно мирен живот. Навечер нарачувале достава и гледале Симпсонови.

На секои неколку години ќе заштеделе пари и оделе на Карибите. Освен тоа, тие не патувале никаде на друго место. Во својот бестселер „Kitchen Confidential“, тој ги опишал своите авантури во светот на дрогата со пријателите во 80-тите.

„Бевме разнебитени цело време. Тешко дека барем една одлука сме донеле без дрога. Трева, quaaludes, кокаин, ЛСД, магични печурки натопени во мед и употребувани како засладувач за чај, Seconal, Tuinal, спид, кодеин и се повеќе, хероин, по што го испраќавме во Alphabet City младиот келнер кој зборуваше шпански. Имавме многу долги денови и се гордеевме со нашата работа – дрогите, мислевме, немаа големо влијание врз крајниот производ“, пишува тој.

Тој ја купил својата прва доза хероин во улицата Ривинтон во 1980 година. Со својот ентузијазам, тој се фрлил во зависност.

„Кога почнав да ги чувствувам првите симптоми на вртоглавица, јас бев горд на себеси“, изјавил тој за Њујоркер. Исто како и ресторанската кујна и зависноста од хероин, сметал тој, беше субкултура со свои правила и естетика. Тој почнал да го зема хероинот секој ден.

ВО една пригода се потсетил на едно патување со такси со тројца пријатели откако набавиле хероин од Долен Ист Сајд. Тој им кажал за една статија што ја прочитал за статистичката веројатност да се симнат од дрога. „Само еден од нас четворица има шанса да успее“, им рекол тој, а во книгата пишува дека сите тројца пријатели се сега мртви.

„Јас бев тој еден“. Релативно брзо Бордеин се разочарал од правилата и естетиката на хероинската супкултура. „ПОстојано те кјрадат, бегаш од полицијата. Јас сум самобендисан а она што го гледав во огледалото не ми се допаѓаше“. Преминал на метадон, легален лек наменет за контрола на зависноста од опијати, но наскоро станал свесен за понижувањето поврзано со третманот: не треба да го напуштите градот без дозвола, секоја недела чекаш во ред за да се измочаш во пластична чаша …

Тој го оставил метадонот на „голо“некаде во 1987 година. И потоа ги поминал следните неколку години на кокаин. „Едноставно треснав на самото дно од крекот“, рекол тој. Се фаќал самиот себе како копа под тепихот во потрага по остатоци од боја, која потоа ја пушел во луда надеж дека во некои од нив може да трошки од крекот. Дошол до тоа во една пригода на Божиќ да се најде седнат на ќебе на Бродвеј, проидавајќи ја својата сакана музичка колекција.

Конечно се исчистил во 1990 година, но продолжил да пие алкохол. „Повеќето луѓе кои се симнуваат од хероин и кокаин мора да се откажат од сè. Можеби затоа што моите искуства на крајот беа толку грозни, никогаш не паднав во искушение да потклекнам. Во емисиите ќе ме видите како постојано пијам. И тогаш ужасно се забавував. Но, јас не седам дома со коктел. Никогаш, никогаш. Јас дури и не пијам дома. Кога се препуштам, се препуштам. Но, не дозволувам тоа да се прелее во остатокот од мојот живот“, напишал тој во своите први мемоари. Излезот од кругот на зависноста бил очигледно предуслов за Бордеин да постигне успех во кариерата.

„Јас само го сакам хероинот. Чувството е ужасно добро. Но дрогата и зависноста се две различни работи, нели? Сè што можам да кажам е ова: се ослободив од хероинот во 80-тите години. Моите пријатели од 70-тите и 80-тите, некои од нив се симнаа пред пет, шест, можеби пред десет години. И ние сме среќници. Излеговме живи. Има многу голем дел од нив кои не стасаа толку далеку. Но, исто така, нема многу работи за кои жалам“, признал тој.

Прекрасен момент за кариерата на Бордеин се случила во 1997 година, кога Њујоркер го објавил денес доста добро познатиот есеј „Не јади пред да го прочиташ ова“, остар и искрен поглед на внатрешните механизми на рестораните, конкретно на нивните кујни.

Бидејќи пишувал како релативно добро етаблиран готвач, текстот имал голема тежина и привлекувал внимание па почнал да добива нови понуди за пишување. Тоа во 2000.година резултирало со бестселерот „Досие кујна: Мрачните тајни на кулинбарскиот свет“ (Kitchen Confidential: Adventures in the Culinary Underbelly), што беше навистина само огромно проширување на тесктот во Њујоркер.

Иако постигнал брз успех, тој сè уште не мислел дека може да ја напушти работата во кујната и да стане кулинарски автор. Телевизијата пак не му била дури ни на памет.

Следната година, објавува „Патувањето на готвачот“ (A Cook’s Tour: Global Adventures in Extreme Cuisines), преглед на егзотичната храна која ја пробал за време на своите патувања низ целиот свет, што всушност е промоција за неговата прва телевизиска серија. Таа емисија дебитирала на Food Network во 2003 година. Една година подоцна тој го објавил готвачот “Anthony Bourdain’s Les Halles Cookbook: Strategies, Recipes, and Techniques of Classic Bistro Cooking”, а во 2006 година големиот хит „The Nasty Bits“.

Траела девет сезони, со финалето во 2012 година, и освен што беше огромен хит, заработи и две Еми награди. Ако веќе тогаш не беше јасно дека Ентони Бордеин е еден посебен вид на работохолик, кој мора да прави корисни и креативни работи за да не му паѓаат напамет деструктивни и штетни идеи, тоа стана јасно сега.

Се појавува како судија-гостин на шоуто Топ готвач, судија е во осмиот дел од сезоната на Top Chef All-Stars, ја снима епизодата Мајами Инки, има камео улога во филмот Far Cry, работи како писател и консултант на HBO серија „Treme“, во 2010 година ја издава книгата „Medium Raw: A Bloody Valentine to the World of Food and the People Who Cook“, во 2013. Го објавува стрип роиманот „Get Jiro!“… Tаа година се враќа на телевизија во голем стил затоа што почнува за Си Ен Ен да ја снима емисијата „Anthony Bourdain: Parts Unknown“, во која повторно го прави она во што е ненадминат во светски рамки: ги истражува карактеристичните локалбни обичаи поврзани со храната во дел од планетата. И таа емисија освојува Еми награди, и тоа, четири, со три последователни титули за најдобра информативна емисија.

Тој го најави отварањето на огромен отворен пазар во пристаништето во Њујорк наречено Бордеин маркет. Сониува за ова со години но за жал, никогаш не се реализира. По две децении брак со Ненси, кој заврши со развод во 2005, во 2007 година, Бордеин се сретна со италијанската Отавија Бути. Поточно, ги споил Ерик Рипер, истиот готвач кој го пронајде Тони мртов во Стразбур. Нивната врска беше неконвенционална од самиот почеток. Oтавија пораснала во Ломбардија, студирала за стоматолог, кога се вљубила во ирски музичар по кој решила да оди до Америка, со 300 долари во џебот. Работела во кујните на разни ресторани во Њујорк, па стигнала до Ле Бернард и Геише.

July 6 2009; Anthony Bourdain with his wife Ottavia Busia and daughter Ariane pictured strolling around New York City today., Image: 99380770, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Profimedia, INF

Првата средба ја имале во бар за пури. Бордејн напишал дека бил фасциниран затоа што на втората средба излапала јастог оид три килограми. По само неколку средби веќе имале идентични тетоважи на готвачки ножеви. Тие се зеле и добиле ќерка, Ариан, која сега има 11 години. Се чини дека 22-годишната разлика никогаш не била проблем, но се чини дека Бордејн имал густ распоред и 250 дена во годината бил на пат. Во септември 2016 година, тие објавија дека ќе се разведат со договор. Иако речиси постојано на пат, Бордеин инсистирал на тоа никогаш да не снима две емисии за два различни градови – а секое снимање траело шест до осум дена практично непрекинато снимање.

Барал пауза помеѓу секој нов град или држава, бидејќи се обидувал да поминува пет дена месечно со Ариан, кој живее со нејзината мајка. „Се враќам, ја гледам ќерка ми, се распакувам, се препакувам, го имитирам нормалниот живот, што ми причинува исклучително задоволство“, вели тој.

Минатата година почнал да се гледа со италијанската актерка Асиа Арџендо, прилично чудна девојка и ќерка на познатиот Дарио Арџендо. Тие се сретнале за да работат на римска епизода од шоуто „Bourdain’s Parts“. Асиа беше една од жените кои го обвинија Харви Вајнштајн за сексуален напад, а Бордеин јавно ѝ ја понуди својата целосна поддршка. Станал главен обожавател и промотор на движењето #MeToo, па организирал вечера за Асиа Арџендо и Роуз МекГоуан и Анабела Скоро, актерки кои исто така имале несакани искуства со Вајнштајн. Иако тоа не беше дефинитивно потврдено, се појавиле гласини дека самоубиството било сторено токму поради Асиа.

Во едно од последните интервјуа, запрашан за неговиот живот во последниве години, Бордејн не ја криеше својата благодарност и задоволство од постигнатото, особено во однос на сето она што го стори во минатото.

„Не го заборавам тоа ниту на една секунда, никогаш. Да се искачиш на дина во Египет и да гледаш низ пустината кога месечината се издига, опкружен со пријателите со кои работам, со стомак полн со храна што никој надвор од таа временска зона нема шанса да ја искуси, тоа е дефинитивно момент кога треба да ме „штипнат“ за да знам дека не сонувам“, изјави тој во интервју за Biography.

Како и секогаш, и тогаш беше свесен дека сè може да се смени за неколку секунди. „Не би рекол дека е магично. Но, сè уште сум тука – во мојот трет живот, или можеби четврти. Кој знае? Јас требаше да умрам во дваесеттите години. Станав успешен во четириесеттите години. Станав татко во педесеттите години. Се чувствувам како да сум украл автомобил – многу добар автомобил – и постојано гледам во ретровизорот гледајќи дали ќе здогледам ротирачки светла. Но, досега ништо не се случило“.

КОнечно, не дочекувајќи ја таа имагинарна животна полиција, Ентони Бордеин сам го прекина своето необично, сулудо, брилијантно и за многумина инспиративно животно патување. Можеби никогаш нема да дознаеме зошто, но она што можеме да го знаеме е дека никогаш не би се смирил со папучи на нозете и градина со домати.

„Го пробав тоа. Мислам дека сум премногу нервозен, невротичен, амбициозен. Пред неколку години би рекол нешто сосема друго. Можеби се лажев самиот себе дека ќе бидам среќен во лежалка или во градинарството. Но, не, јас сум прилично сигурен дека не можам. Сигурен сум дека ќе умрам во седло“.