Енергетски бомбици со мача прав

Оваа здрава ужина не е новост во здравата исхрана, но секогаш постои простор за нови комбинации и вкусови

0
498

Има многу интересни рецепти за енергетски бомбици кои можете да си ги носите на работа како здрава ужина, но секогаш можете да испробате уште некои нови комбинации како што е на пример овој рецепт со мача (прав од зелен чај).

Состојки:

75 г кокосово брашно

4 лажици мак

1 лажица мача прав

10 свежи урми, без семки

1,5 лажица кокосово масло

Сок од 1/2 исцеден лимон

Рендана кора од 1 лимон

Мача прав, какао или бадеми за валкање

Приготвување:

Сите состојки смелете ги во блендер, а потоа формирајте бомбици и извалкајте ги по ваша желба во мача прав, какао или во сечкани бадеми и ф’стаци. Чувајте ги во кутија со капак во фрижидер и уживајте секогаш кога ќе почувствувате пад на енергијата или глад.