Кој вели дека не може за 10 минути да си подготвите здрав и пристоен оброк?
Еве што ви треба:
Малку црвен грав од конзерва
2 млади кромитчиња
Неколку гранчиња свеж магдонос
Шампињони (издинстајте ги на малку путер)
Сол, маслиново масло, оцет балсамико
Измешајте ги сите состојки во подлабока чинија и имате здрав и вегетаријански ручек или вечера, сеедно.