Единствен ресторан во кој готват баби (ВИДЕО)

0
339

Токму како да сте кај вашата вистинска баба – е мотото на еден ресторан во Стејтен Ајленд, во Њујорк, од кој никој никогаш не излегува гладен, а може да се одбира дури помеѓу неколку кујни од различни земји во светот.

Енотеката Мариа, е во сопственост на Џоди Скаравеле, Италијанец од Бруклин на кој идејата за отварање на ресторан на бабина кујна му паднала на памет многу едноставно – сакал на убав начин да ја прослави баш секоја кујна на светот.
Во неговиот ресторан нема место за шефови, тој вработува само вистински баби со искуство на подготвување на фантастична храна. Така во ресторанот работат дури околу 40 баби кои доаѓаат од Русија, Алгерија, Шри Ланка, Даблин, Бугарија, Аргентина…
Секој ден вечера подготвуваат две баби, едната е секогаш Италијанка додека другата баба секоја вечер доаѓа од друга земја. Сите ги поврзува љубовта кон готвењето која им ја пренесуваат и на гостите.