За овој единствен рецепт на докторката Филипова, онколог од Москва, потребни ви се млади шампињони, свежа зелка и природен мед од липа.
Зошто зелка?
Сто грама сирова зелка содржи 42 мг витамин Ц. Исто така содржи и витамин А и фолна киселина, како и минерали, магнезиум, железо, фосфор, калциум, калиум и натриум.
Најделотворна е црвената зелка која е и до 7 пати полековита од белата, а неговата боја укажува на присутност од лековитите соединенија на антоцијанинот.
Ако се јаде често сировата зелка помага за слабокрвност, несоница, депресија и анксиозност. Варената зелка е одлично средство за пролетна детоксикација и едно од најдобрите средства против нервна напнатост, немир, слабост и слаба концентрација. Зелката е богата со антиканцерогено соединение-синигрин кое поседува единствени својства против ракот на простата, на цревата и меурот. Помага и при артритис и реума, како и кај болестите на дишните органи.
Зошто липов мед?
Овој мед се препорачува при пречки и воспаленија на дишните патишта и органите за варење. Го поттикнува метаболизмот, како и работата на срцето и циркулацијата.
Зошто шампињони?
Шампињоните се одличен извор на рибофлавини и ниацин, оксална и фосфорна киселина, како и значајна количина на калиум. Тие се и најголем природен извор на селен.
Растителен еликсир на др.Ирина Филипова
Состојки:
5 свежи шампињони (со целосно затворени шеширчиња)
Млада зелка
1 лажица липов мед.
Приготвување:
Измијте ги и прелијте ги со зовриена вода па избришете ги со салфета и ставете ги во соковник. Истото направете го и со зелката, додека не добиете 1 лажица сок. Помешајте ги соковите од шампињоните и од зелката и додадете една лажица липов мед.
Оваа количина е доволна за три дена.
Чувајте го впо добро затворена тегла во фрижидер.
Консумирајте секое утро нс празен желудник (по помалку од пола лежица).
Лекот не треба да му се дава на детете помладо од 7 години.
Овој лек има тројно дејство.
Се користи за лекување на болести на срцето, односно, Ангина пекторис
Го снижува лошиот холестерол
Делува како заштита од рак. Ако го земате подолго време нема да ви се заканува опасност од онколошки заболувања.