Еден месец по две банани на ден и ќе бидете како нови

Во споредба со грозјето, јаболката, лубениците, ананасот и крушите, бананите содржат најмногу антиканцерогени материи.

0
1306

Повеќето луѓе денеска „немаат време“ за здрава исхрана и почесто посегаат по брза храна отколку по здрави намирници, додека апоред анкетите, овошјето и зеленчукот се многу ниско позиционирани на скалилото кога станува збор за избор на храна!

На научниците и нутриционистите не им е јасно зошто повеќето луѓе се хранат нездраво кога веќе постојат толку одлични, а пред се, природни намирници кои можат да не снабдат со сите потребни состојки.

Да ги земеме за пример бананите. Нутриционистите тврдат дека за само еден месец откако ќе почнете да јадете две банани на ден, здравствената состојба би требало значително да ви се подобри.

Еве како и зошто:

Бананите содржат малку натриум, но доста калиум, што е одлично за регулација на крвниот притисок и за здравје на срцето. Научниците утврдиле дека секојдневното консумирање на банани може да го намали ризикот од срцев удар дури за 40 отсто.

Доколку имате проблеми со системот за варење, како запек, изедете неколку банани. Тие се одличен извор на влакна па брзо ќе ги решат вашите проблеми со цревата.

Ако се чувствувате малаксано и слабо, бананите ќе ви ја дадат потребната енергија, а се одличен избор и за ужина пред вежбање, па спортистите редовно ги имаат во своите торби!

Бананите се одличен лек за киселини зашто се добар извор на антациди, кои ја регулираат оваа непријатна состојба.

Доколку на вашиот организам му е потребно железо, бананите можат да ви помогнат. Материите од бананите ги стимулираат црвените крвни зрнца и производството на хемоглобин, па значително им помагаат на слабокрвните.

Одлична е против болки во грлото и кашлица.

Триптофанот е многу важен за телото затоа што организмот го користи за да го претвори во серотонин, хормон на среќа. Во бананите го има доста па затоа кога се чувствувате лошо или ви се чини дека е на повидок депресија, навалете на банани!

Научниците утврдиле дека студентите кои јадат банана за појадок имаат значително поголемо ниво на концентрација. Калиумот од бананите ја поттикнува работата на мозокот и ги олеснува учењето и помнењето.

Трудниците треба повеќе да внимаваат на исхраната, а бананата е здрава, вкусна и ќе им ги олесни тегобите што ги погодуваат повеќето трудници. Бананата ќе го крене нивото на шеќер во крвта, а токму тоа ви е потребно кога страдате од утрински мачнини.

Секогаш одбирајте позрели банани

Целосно зрелата банана ја произведува супстанцијата TNF (Tumor Necrosis Factor) која има способност да се бори против клетките кои се однесуваат невообичаено.

Како што зрее на бананата се појавуваат темни дамки, а колку повеќе дамки има, толку повеќе има збогатени клетки кои го развиваат имунитетот.

На тој стадиум од зреењето, бананата е и најдобра за варење затоа што шеќерот од бананата тогаш најчесно се апсорбира, за разлика од помалку зрелите банани кога се потешки за варење затоа што скробот сѐ уште не се претворил во шеќер.

Нивото на клетки со антиканцероген ефект соодветствува со нивото на зрелост на овошјето.

Колку е бананата позрела, толку повеќе има антиканцерогени квалитети.

Во споредба со грозјето, јаболката, лубениците, ананасот и крушите, бананите содржат најмногу антиканцерогени материи.