Дуќан кадешто ја плаќате храната толку колку што сакате

0
280

Во германскиот град Келн можете да купите храна која не е убава или не е „доволно совршена“ за продажба, во стартап дуќанот The Good Food.
Со оглед на тоа што годишно се фрла голема количина на храна, со помош на концептот што го смислила Германката Никол Класки, многу се заштедува, а истовремено и им се помага на оние кои немаат пари за скапи намирници. Имено, во овој дуќан сета храна се плаќа по слободна проценка на купувачите.
Освен овошје и зеленчук, тука можат да се купат пекарски производи, пијалоци, па дури и пиво. Сета храна што се продава тука е добра за јадење, само што е или при крај со рокот на траење – ако станува збор за некој пакуван производ, како на пример, пивото, или не е доволно убава или со добри пропорции, како на пример, доматите.
Никол Класки ги собира свежите намирници (овошје и зеленчук) такашто оди кај произведувачите после редовната берба и ги зема плодовите кои останале затоа што се или премногу мали или премногу големи или не се доволно убави за продажба и ги продава во својот дуќан. Иако во светот веќе постојат слични концепти – како што е делење на храната, произведената храна и натаму се фрла, а бројот на гладни во светот е секој ден се поголем.