Прво запомнете ги советите, а потоа прочитајте го и рецептот за совршени домашни њоки.
- Компирите секогаш варете ги во лушпа, а кога лушпата ќе се распука тоа значи дека се варени.
- Настојувајте да го избегнете подготвувањето на компирите со гмечење. Подобро е да употребите ренде за да добиете воздушести њоки.
- Важно е со помош на вилушка да направите прорези на њоките затоа што во тие вдлабнатини се задржува сосот што ќе го подготвите за нив.
- Варете ги во добро посолена вода додека не испливаат на површината. Тогаш значи дека се готови.
- Ако ги замрзнувате, распоредете ги на набрашнет сад кој го собира во замрзнувачот и покријте ги. Важно е да не се допираат.
Рецепт за домашни њоки
Состојки:
5 компири
170 г брашно
1 јајце
1 лажица путер
сол
Приготвување:
- Сварете ги компирите. За ова ќе ви требаат околу 45 минути. Откако ќе се сварат, излупете ги и изрендајте ги, па додадете ги јајцето, солта, путерот и брашното. По потреба додадете уште брашно.
- Откако ќе го замесите тестото, поделете го на помали топчиња и секое топче расукајте го во долгнавеста форма, како „змија“.
- Со нож исечете го тестото на саканата големина.
- Со вилушка направете ребрест отисок на њоките.
- Редете ги во набрашнет сад. Сега њоките можете и да ги замрзнете или веднаш да ги варите.