Состојки:
1/2 кг цреши
200 г шеќер
1 лимон
Малку екстракт од ванила
1 стапче цимет по желба
Приготвување:
Измијте ги црешите и извадете ги семките. Помешајте ги со шеќерот, поклопете го тенџерето и оставете ги 12 часа во фрижидерот.
Повремено мешајте.
По 12 часа исцедете ги црешите и ставете го во тенџере само сокот.
Варете го 20 минути, додека малку не се згусне.
Во меѓувреме, излупете го лимонот.
Ставете од екстрактот од ванила во црешите.
Исцедете го лимонот и додадете го и него кај црешите. Ставете ја кората од лимон и по ваша желба, стапче цимет, во газа. Во тенџерето во кое е сокот од цреши, додадете ги црешите и пакетчето од газа. Варете 10 минути. Извадете го пакетчето и добро исцедете го. Варете уште 15 минути.
Изгасете го огнот и префрлете го мармаладот во стерилизирани тегли. Затворете ги и свртете ги наопаку.
Оставете ги да се изладат и ставете ги на ладно и темно место.