Домашен лек за чистење на организмот од две состојки

Ви требаат само лук и црно вино. Овој лековит напиток ја чисти крвта, вишокот на маснотии и соли во организмот и го забрзува метаболизмот.

0
1765

Ако постојано чувствувате замор, страдате од надуеност и гасови и имате проблеми со циркулацијата, веројатно е време да го прочистите организмот и да се ослободите од токсините.

Ова можете да го направите многу лесно и едноставно со помош на само две состојки. Ви требаат само лук и црно домашно вино. Овој лековит напиток ја чисти крвта, вишокот на маснотии и соли во организмот и го забрзува метаболизмот.

Состојки:

– 12 чешниња лук

– половина литар црно вино ( по можност домашно)

Приготвување:

Лукот исчистете го, исечете го на ситно и ставете го во стаклен сад. Врз него ставете го виното и добро затворете го садот. Оставете го на светло место две недели и повремено проматете го садот. Земајте по една лажица три пати дневно околу еден месец.