Домашен леб за половина час

0
1348

Направете домашно, миризливо и брзо лепче. Состојките во овој леб се брашното, содата, солта и сурутката. Сурутката содржи млечна киселина која реагира со содата па се формираат ситни меурчиња на јаглероден диоксид. Може да се додадат и други состојки како што се путер, јајце, суво грозје и јаткасти плодови, но ние ви го даваме основниот рецепт.

Состојки:

 250 г брашно

250 г интегрално брашно

1 мала лажичка сода бикарбона

1 мала лажичка сол

420 мл сурутка

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200°c. Во поголема здела помешајте ги двата вида брашно, содата и солта. Додадете ја сурутката и мешајте додека не добиете лепливо тесто. Поросете ја работната површина со брашно и префрлете го тестото.

Нежно тркалајте го тестото за да се соединат сите состојки. Не го месете тестото. Обликувајте го во топче и израмнете го полека со раката. Засечете го одозгора во форма на крст кој го дели лебот на четвртини. Поросете со брашно. Префрлете го на тепсија обложена со хартија за печење и печете пола час, додека лебот не добие убава боја. Оставете го да се подизлади и навалете.