Домашен леб за 15 минути

Иако на прв поглед изгледа комплицирано, правењето на домашен леб има и полесна варијанта

0
679

Состојки:

250 г интегрално брашно

250 г обично брашно

Прашок за пециво

1 лажица мед

1 лажичка сол

3 лажици маслиново масло

300 мл топла вода

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 250 степени.

Помешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги маслото, водата и медот и се добро соединете. Извадете го тестото на побрашнета работна површинаo и уште еднаш добро премесете и обликувајте леб.

Префрлете го во тепсија со хартија за печење и печете околу 15 минути.