Детоксикација на организмот со вода

Детокс водите се се поголем тренд заради брзото дејство и широкиот диапазон од здравствени бенефити. Ако не сакате да купувате готови детокс води, домашните се одлична опција.

0
2169

Во последните неколку години детоксикацијата многу брзо стана голем тренд во многу здравствени и фитнес кругови. До неговата популарност дошло поради зголемувањето на сведочењата на оние кои пробале да го земаат со храна, фалејќи ја делотворноста за подобрување на здравјето, изгледот и перформансите.

Меѓутоа, и покрај популарноста многу луѓе се се уште збунети за тоа штш е точно детокс и како тој функционира. Иако многу извори на интернет го претставуваат како многу сложен процес, всушност е многу едноставен.

Преку внесувањето на храната, одбраната на телото од инфекции и опоравувањето од стресот, телото собрира бројни хемикалии кои, ако не можат да се регулираат, можат да создадат отровни нивоа и да му предизвикаат сериозна штета на телото.

Телото има два главни органи кои помагаат за регулирање на оваа хемикалија за да не дојде до тоа: црниот дроб и бубрезите. И двата делуваат такашто ги разбиваат и ги отстрануваат тие хемикалии од вашето тело.

Целта на детоксот е да помогне да се подобри делотворноста на тие органи и да помогне за заштита на самите органи како и за нивно опоравување од постојаната употреба.

Детоксот помага и за опоравување од вежбањето и губењето на мастите, како и за поддршка на низа телесни функции.

Како да се направи детокс вода?

Детокс вода е вода која се прави со разно овошје и зеленчук кои ѝ даваат здрави својства. Состојците на детоксот можат да варираат, па така можете да си направите детокс вода од лимон, од јагоди или други вкусови по ваш избор. Секако, најдобро е да ја направите сами такашто ќе ги комбинирате со вода вашите омилени овошја или зеленчуци и ќе ги оставите во текот на ноќта заедно со водата во стаклен сад. Предностите на водата за детокс можат да варираат во зависност од овошјето и зеленчукот кои ги користите за да ја направите.

Популарни домашни детокс водени рецепти

Уште една голема предност на детокс водата е што може да се меша или да се земе со било кој вид на оброци, а можете да ја користите и за готвење на различни намирници. Еве неколку рецепти како да си направите детокс вода.

Лимон, лимета и портокал

Овој едноставен рецепт  вкусен и може бргу да се направи. Високото нивот на витамин Ц што го содржат исто така ќе помогне против воспаленија и ќе го подигне системот за имунитет.

Манго и ананас

Овој егзотичен избор е исто така богат со витамин Ц, но има и некои Б витамини и бромелаин, што може да биде корисно за нивото на енергија и за имунитетот.

Мента, свежи краставици и лубеница

Овој рецепт е најдобар за овој период од годината. Електролитите во краставиците и лубеницата ќе ви помогнат да ја задржите хидратацијата додека хранливите состојки во ментата помагаат за низа телесни функции.

Јагода и мента

Оваа мешавина е извонредна комбинација на витамините во јагодите и фитонутриентите во ментата.