Состојки:
1 поголемо авокадо
4 банани, излупени и замрзнати
4 големи лажици какао во прав
2 урми
1/4 лажичка цимет
500 мл кокосово млеко, изладено
1/2 лажичка екстракт од ванила
1 лажица јаворов сируп
200 г вишни
Приготвување:
- Авокадото, бананите, 4 лажици какао, урми и цимет измешајте ги во блендер додека не добиете компактна смеса.
- Кокосовото млеко измешајте го со миксер во шлаг, помешајте ги јаворовиот сируп и ванилата и мешајте уште неколку минути.
- Во чаша наредете ги во слоеви авокадото и бананите, потоа слој вишни, па шлаг од кокосово млеко и се така додека не се потрошат сите состојки.
- Смесата е доволна за две чаши.