Исчистете ги шампињоните и извадете ги дршките.
Исечкајте ги и додадете малку (во зависност од бројот на печурките, 50-100 грама) згмечено сино сирење.
Зачини не ви требаат затоа што ова сирење има силен вкус.
Наполнете ги печурките и ставете ги во фолија.
Фолијата со печурките можете да ја ставите директно на рингла или на скара.