Дали знаете дека освен кафеави и бели, има и зеленкасти јајца?

Кога станува збор за храна, главно изборот на потемни на штета на белите намирници се смета за подобар избор и барем кога станува збор за леб, тестенини и ориз, тоа е навистина така. Но дали ова важи и за јајцата и дали кафеавите или, евентуално, зеленкастите јајца се нутритивно побогати од белите? Да, да, постојат и зеленкасти и не се расипани!

0
221

Неодамна ми донесоа едно јајце со сомнителна боја – зеленкаста. На прв поглед, ако дотогаш не сте виделе вакво јајце, ќе помислите дека е расипано. Ама ова, дефинитивно, не само што не беше расипано, туку беше вистинско селско јајце со органско потекло.

Испржено изгледаше вака.

Што се однесува до тоа дали бојата на јајцата игра улога во однос на нивната нутритивна вредност, Рејчел Фајн, сопственичка на компанијата Тo The Pointe Nutrition, вели: Постои голема заблуда за тоа дека кафеавите јајца се поздрави од белите. 
Генерално, луѓето ја поврзуваат „кафеавата храна“ со здравје“, вели таа и потсетува на сцената од филмот Wedding Planner кадешто Метју Мек Конахи ѝ објаснува на Џенифер Лопез зошто јаде само кафеави M&M бомбони па ѝ вели дека има помалку вештачки бои затоа што е чоколадото изворно кафеаво. Тоа произлегува од идејата дека целите зрна се често потемни затоа што не се обработени. Меѓутоа, од гледна точка на преработка на храната, бојата не мора нужно да значи и поздрава намирница“.

Иако е тоа во некои случаи вистина, како што е лебот од целовит пченичен производ поздрав од белиот леб, другите намирници не можат да се оценуваат според нивната боја. На пример, ако се спореди кафеавиот шеќер во однос на белиот, нивните нутритивни разлики се занемарливи. Слично е и кога ги споредуваме нутритивните вредности на кафеавите и белите јајца.

Не постои вистинска прехранбена разлика помеѓу тие два вида јајца“, вели нутриционистката Рејчел Даниелс, директорка за исхрана за Virtual Health Partners и додава дека науката тоа го потврдува. Имено, во истражување од 2010. објавено во Poultry Science е изнесен истиот заклучок. Бојата на јајцата зависи од сортата на кокошките и пигментите кои ги произведуваат во текот на несењето јајца; затоа имаме бели, кафеави, па дури и сини или сино-зелени јајца, толкува Даниелс. Од друга страна, содржината на хранливи материи, се однесува на храната и начинот на живот на кокошките како и на свежината на јајцата.
Одредени видови на храна можат да доведат до тоа кокошките да несат јајца со повисоко ниво на витамин Д или омега-3 масни киселини, вели Фајн. Таа особено им препорачува на потрошувачите да купуваат јајца со органско потекло што значи дека производителот ги чува кокошките според прописите на органското одгледување и дека не добиваат хормони и антибиотици.

Генерално, големо јајце содржи 70 калории, 6 г протеини и околу 4 г масти, и содржи хранливи материи како селен, биотин, витамин Б12, рибофлавин и железо, вели Даниелс.

Сė на сė, јајцата се едноставен, ефтин, хранлив извор на протеини и можат да се користат на различни начини во исхраната“, вели Даниелс.