Научниците откриле дека со голтањето на гасовите низ пијалокот се активира излачувањето на хормон на глад што ве поттикнува уште повеќе да јадете. Значи, стручњаците откриле дека покрај киселата вода која има нула калории, сепак можете да се здебелите.
Во студијата на универзитетот Bircajt на Палестинскиот западен брег, 16 глувци се поделени во четири групи.
Првата група добила да пие вода, втората залсаден газиран напиток и третата -газиран напиток со вештачки засладувач. Сите добиле пристап до неограничени количини на храна.
После три месеци, оние кои добивале газирани напитоци, биле многу потешки од останатите глувци – дури 20 отсто.
Научниците одлучиле да го спроведат истражувањето и врз луѓе, но наместо сите тие пијалоци, на една група и дале со пијалокот да пие обична газирана минерална вода. Произлегло дека кај нив нивото на грелин, хормон на глад, бил шест пати повисок отколку кај испитаниците кои добиле обична вода.
Секако, студијата е спроведена на премногу мал број испитаници за да биде релевантна, но потсетува на старата мудрост дека најдобар пијалок на светот е обичната вода.