Веројатно кога веќе купувате овошен сок, го бирате оној кој содржи и пулпа затоа што сметате дека нејзиното присуство значи и повеќе здрави нутриенти.
Но ако ги погледнете нутритивните таблици на декларациите на соковите со пулпа и на оние со бистар сок, ќе видите дека нема разлика.
Шпанско истражување објавено пред две години покажало дека постои разлика во количината на антиоксиданси, но дека е толку мала што е речиси занемарлива. Значи, одговорот на прашањето од насловот е: Не!
Фото: Pixabay